1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија ќе страда од промената на климата

Според едно истражување, Македонија е меѓу земјите во кои најмногу ќе се почувствува негативното влијание на климатските промени. Ќе пресушат водите и ќе нема доволно храна.

default

Глобалното затоплување нема да ја одмине Македонија

Во земјите кои немаат излез на море, многу побрзо отколку што се очекува ќе се зголемат температурите. Македонија е минамален загадувач, но не е изолиран остров што не го засега глобалното затоплување. Напротив, испитувањата на домашните експерти покажуваат раст на просечната температура. Климатологот од Управата за хидрометеорлошки работи Пеце Ристевски за Дојче веле објаснува.

“Во последнава декада од 1996 година наваму температурите се највисоки во последниве 85 години. Дури 80 проценти од температурите се зголемени за 0,5 до 0,7 целзиусови степени“.

Задача на целиот регион

Заменик-министерката за животна средина Соња Липиткова вели дека по негативниот исход на самитот за климатски промени во Копенхаген, мора да се мобилизира целата држава, но и регионот и да се работи заедно за да се ублажи негативниот ефект од глобалното затоплување. Македонија, како потписничка на протоколот од Кјото, е обврзана да ги почитува сите мерки што ќе бидат зацртани на глобално ниво, објаснува за Дојче веле Липиткова.

“Изградба на брани насекаде каде што се може, за да ги пречекаме забрзаните негативни влијанија што е можно поподготвени. Потоа пошумување, исклучителна регионална и глобална соработка, затоа што ова е глобален проблем. Колку ние да работиме и да вложуваме, ако регионот не не‘ следи со иста динамика, ние повторно ќе ги чуствуваме последиците“.

Prespa See in Mazedonien

Преспанско Езеро, континуирано намалување на водата



На удар-езерата и реките


Уште подобар доказ за негативните последици од климатските промени што Македонија веќе ги чуствува се намалените количества на врнежи и нивото на реките и езерата.

“Општиот тренд од 1961 година наваму е намалување на нивото на Преспанското Езеро и на останатите хидролошки станици односно површински води што е директна последица на климатските промени“.

Според црните прогнози, Македонија ќе почне да ги губи шумите и животинскиот свет, а температурата ќе се искачи за три степени. Тоа ќе има опасни последици по здравјето на луѓето.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска