1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија ќе се обиде да го избегне дното

Во последниот меч од квалификациите против Србија македонските репрезентативци ќе се обидат да ја избегнат последната позиција во групата. Решавачки ден е и во останатите групи.

Репрезентацијата на Македонија вечерва против Србија ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во фудбал што идната година ќе се одржи во Бразил. И двете селекции одамна ги загубија шансите за настап на Мундијалот. Македонија се наоѓа на последното место и единствено победа против Србија и неосвојување на три бода на конкурентите ќе значи избегнување на дното. Во спротивно ќе се случи за првпат во еден квалификациски циклус „црвено-жолтите“ да завршат на последната позиција. Домашните фудбалери најавија реванш за поразот од Скопје и успешен резултат на за нив неуспешните квалификации.

Во другите групи се очекува конечна разврска по која ќе бидат познати патниците на Мундијалот во Бразил и учесниците во баражот. Девет репрезентации од европската зона ќе обезбедат директно учество на Светското првенство во Бразил, а осум репрезентации ќе играат во баражот.

Пласман на Мундијалот веќе изборија Италија, Холандија, Германија, Швајцарија и Белгија, додека реално е во последното коло пласманот да го потврдат Шпанија, Русија, БиХ и Англија. На Русија и‘ е доволен бод во Азербејџан, БиХ мора да победи во Литванија, Англија бара победа против Полска, додека Шпанците и бод против Грузија ги носи во Бразил.

Борбата за место во баражот ќе биде најинтересна во Б групата, каде четири селекции (Бугарија, Данска, Чешка и Ерменија) се во трка за второто место, во Д групата Турција и Романија се во предност во однос на Унгарија, додека во Е групата ривали се Исланд и Словенија. Сигурни учесници во баражот се Шведска и Хрватска.