1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија ќе загуби 1,7 милијарди евра поради блокадата во ЕУ

Македонија во наредните седум години би добила 3,7 милијарди евра директна помош од ЕУ кога би била членка на Унијата, пишува агенцијата Миа. Наместо тоа, земјата мора да се задоволи со помали средства од ИПА-програмата.

Според пресметките на Европската комисија, ако Македонија е дел од ЕУ, во периодот од 2014 до 2020 година би добила 3,7 милијарди евра помош, додека сега, со новиот Инструмент за предпристапна помош (ИПА-2), ќе и‘ бидат достапни 595 милиони евра во следните седум години. Oсвен што би добиле 3,7 милијарди евра, како членка на ЕУ, Македонија би морала да уплати средства во буџетот на ЕУ во висина од 739 милиони евра. Според тоа, земјата во следните седум години би имала нето-бенефит од Брисел во висина од 2,3 милијарди евра. Споредено со 595-те милиони евра што ќе ги добие со ИПА-2 фондовите, тоа значи дека земјата за седум години ќе загуби 1,7 милијарди евра директна помош од ЕУ.

Овие податоци велат дека Македонија досега од ИПА последниве години имала на располагање во просек по 85 до 90 милиони евра годишно, со тоа што на почетокот во 2007 година биле достапни 56 милиони евра, а годинава преку 110 милиони евра, но државата не искористила доволно за целиот седумгoдишен период од овие средства, односно само околу третина. Затоа, со новиот ИПА-2 систем за помош од Унијата, Македонија ќе добива по фиксни 85 милиони евра секоја година или вкупно 595 милиони евра.

Поради блокадата на пристапните преговори земјата не влегува во втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација (ССА), потпишан уште во далечната 2001 година. Тоа и експлицитно беше забележано во последниот извештај на Европската комисија за Македонија, посебно што на 1 април 2014 година истекуваат десетте години што се максимум кога една земја треба да го заокружи процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ. Според овој договор, Македонија многу би загубила ако влезе во втора фаза, а се однесува на делот каде ЕУ ги признава квалификациите на македонските граѓани, по што тие ќе може да почнат да отвораат бизниси надвор од државата, т.е. во земјите-членки на Унијата. Тоа е опасност Македонија да ја напуштат квалитетни доктори, стоматолози, инженери и би побегнале најдобрите професионалци поради активација на договорот за слободно движење.

Во Европската унија не сакаат официјално да ги коментираат овие податоци.

Поврзана содржина