1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонија ја претставува својата култура во Стразбур

Претседавањето со Комитетот на министрите на СЕ е одлична можност за претставување на земјата претседавач во секоја област па така и културата. Тоа не е исклучок и за Македонија. Дали се користи или пропушта шансата?

default

Од 11 мај кога Република Македонија го презеде претседателството со Комитетот на министрите, во Палатата на Европа во која секојдневно има илјадници гости од цела Европа, но и од другите континенти, се одржаа само два културни настани организирани во рамките на Македонското претседателство.

Најпрво на министерската сесија на 11 мај, беше инаугурирана изложбата на фотографии на културно-историски значајни места во Македонија на Роберт Јанкуловски. На последната сесија на

Sommerliche Stadtansicht von Straßburg, Elsass

Стразбур

Парламентарното собрание на Советот на Европа, виолинистите Олег и Ана Кондратенко придружувани на клавир од Марија Вршкова, ја воодушевија публиката во Палатата на Европа.

„Прво сме почестени што сме повикани, од културна страна да го одбележиме овај момент и навистина презентиравме музика која покрај европската донесе и едно македонско дело. Мене ова ми е особено драго, бидејќи оваа асамблеја ја гледам како здружение на различностите. Драго ми е што по концертот доаѓаат парламентарци со доста комплименти и многу се заинтересирани за македонското дело, кое за првпат беше изведено овде,“ вели Олег Кондратенко.

Македонските звуци ја пленија публиката во Стразбур

Станува збор за македонското оро на Благоја Десковски, чии звуци ја пленија публиката.

Пијанистиката Марија Вршкова признава дека кон овој концерт пристапила како и кон другите, но по самото влегување во импозантната зграда во која настапиле и најголемите светски уметници и во кои своја трага оставиле и најголемите европски државници, впечатокот е поинаков. „Додека нестигнав и невелгов во неа, едноставно ми звучеше како да треба да свирам во некоја сала кај нас. Но, кога видов какво здание е и влегов во него, во кое се случуваат многу нешта, некако нервозата си го направи своето. Но добро, сето тоа во позитивна насока, како позитивна трема и навистина многу добро се претставивме.“

Klavierbauer Schimmel meldet Insolvenz an

Ана Кондратенко го дели истиот впечаток дека настапот беше одличен: „Одлично поминавме и публиката одлично не прими. Мислам да се претстави Македонија е веќе нешто. Би сакале ние повеќе да презентираме, ама за жал во овие услови не можело. Се надевам, дека следниот пат ќе можеме во некоја сала убаво да отсвириме со поинтересна програма.“

Штедење наместо раскошна програма

Ausstellung in Europa Palais in Straßburg Ljubljana Prozess

Палатата Европа во Стразбур е извонредно место за презентација на културните вредности

Навистина е жално што ова музичко трио немаше можност да настапи во еден друг аудиториум во Стразбур. Министерството за култура кое ја предложи програмата за културното претставување на Македонија за време на претседавањето со Комитетот на министрите, очигледно се определи за штедење. Истовремено на другата страна на Франција, во Долна Нормандија испрати плеада на македонски уметници и музички групи, кои можеа да се претстават и во Стразбур. Впрочем, некои од нив и поминаа низ Стразбур на пат за Нормандија или за враќање дома.

Сигурно дека не би требало да се споредува претставување на една земја со друга, но во Стразбур е важно да се покаже со што располага една земја. Така на последната сесија на ПС на СЕ, Азербејџан за само една недела од своите музеи донесе дел од скапоцените ризници за да ја прикаже културната разноликост. Србија направи повеќе изложби и културни манифестации со кои успеа да го подобри впечатокот.

Македонија заслужува да биде подобро претставена

На последната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ), повеќе негови членови изразија воодушевување од природното и културното историско

Ausstellung in Europa Palais in Straßburg Ljubljana Prozess

Изложба во Палатата Европа во Стразбур

наследство на Република Македонија, со кое имаа можност да се запознаат при посетата на земјата за време на состанокот на Постојаната комисија и бирото на ПС на СЕ, одржан на средината на месец мај во Скопје.

Многу европски парламентарци инсистираа на тоа дека Република Македонија заслужува подобро да биде претставена во Европа, интересирајќи се што прави земјата на овај план. „Македонија, која е убава земја, заслужува подобро да биде претставена пред другите Европејци. Еден град како Охрид, на пример, треба да привлече посетители, кои можат само да бидат освоени од убавината на бројните стари цркви,“ изјави полскиот парламентарец и член на ПС на СЕ Ричард Бендер, кој во таа прилика ги запозна неговите колеги од 47-те земји членки на Советот на Европа, дека во Македонија е родена една од големите фигури на дваесетиот век – Мајка Тереза.

Следната културна манифестација организирана од македонското претседателство во Стразбур ќе биде на крајот од септември и почетокот на октомври, кога ќе бидат прикажани неколку македонски филмови и концертот на „Скопје конекшн“ на триото Ѓорѓи Шаревски, Емин Џијан и Лука Акино.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска