1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија ја победи Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Швајцарија со 27-22 (12-11). Последниот натпревар во квалификациската група, Македонија ќе го одигра на 16.јуни, кога во Скопје ќе гостува Португалија.

До значајната победа на натпреварот, кој се одигра во Цирих, Македонија ја предводеа Наумче Мојсовски и Кире Лазаров, кои постигнаа девет односно шест голови. Голем придонес во победата даде и голманот Борко Ристовски кој имаше 10 успешни интервенции.

Важноста на мечот влијаеше врз играта на македонската репрезентација во првото полувреме, кога одбраната беше подобриот дел од тимот. Во нападот, благодарение на техничките грешки, македонските ракометари не успеаја да создадат предност поголема од два гола.

EM Handball Mazedonien gegen Schweden

Кире Лазаров (архива, од мечот со Шведска во 2012)

По паузата меѓу двете полувремиња избраниците на Ивица Обрван ја најдоа вистинската игра и во нападот. Благодарение на добрата игра во одбраната, во почетните две минути од вториот дел, македонските ракометари постигнаа лесно три гола и стигнаа до предност од четири погодоци (11-15).

Разликата од четири голови Македонија без премногу проблеми ја одржа до крајот на натпреварот за конечната победа. Македонската репрезентација, иако мечот се играше во Цирих, имаше огромна поддршка од трибините.

Последниот натпревар во квалификациската група, Македонија ќе го одигра на 16.јуни, кога во Скопје ќе гостува Португалија.