1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија ја победи Финска

Тениската селекција на Македонија денеска во рамките не Девис купот ја победи Финска и влезе меѓу 32те најдобри репрезентации во светот.

На тениско игралиште

На тениско игралиште

Македонија од денеска е на светската тениска карта. Предраг Русевки го победи Тимони Еминиен со 3 спрема 2. Со ист резултат Македонија во Скопје ја совлада Финска. Тениска сензација од прв ред. Напладне преполното гледалиште го проследни завршниот чин од драматичниот двомеч победничките 6 спрема 4 на Русевски кои имаат силно ехо во целата земја. Тој рамо до рамо со Лазар Магдинчев се актуелните спортски јунаци. Во моментитѕе на неизмерна радост измешана со шампањско македонскиот тренер Јанков за Дојче Веле рече:

„За сите е голем успех, особено за играчите што дочекаа да бидат видени пред своите симпатизери и да прикажат добар тенис.“

Во Девис купот Македонија прзопотезно ги остави зад себе најнапред Грција, потоа Норвешка и Финска. Сега е меѓу 32 те најсилни репрезентации во светот, за вчлез меѓу 16те ждрепката е во четврток. Се очекува со нестрпливост.