1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија ја победи Литванија

Македонската фудбалска репрезентација со минимални 1:0 го доби пријателскиот натпревар со Литванија, одигран синоќа (15.08.2012) на „Националната aрена Филип Втори“ во Скопје.

default

Натпреварот беше решен во 54. минута, кога на асистенција на Ферхан Хасани, Горан Пандев ја затресе мрежата на литванскиот голман.

До крајот на натпреварот и двете репрезентации имаа по една шанса, но резултатот остана непроменет.

По натпреварот в.д. селекторот Гоце Седлоски, задоволен од исходот и од победата истакна дека и пред натпреварот верувал во фудбалерите.

„Игравме против незгоден противник, кого не го познававме доволно. Не брзавме многу и со таква игра дојдовме до победа. Има простор за уште неколку играчи кои заслужуваат да бидат тука. Го постигнавме тоа што го сакавме и создадовме добра атмосфера. На публиката која присуствуваше на дуелот и’ благодарам за поддршката“, рече Седловски.

Во врска со испразнетото селекторско место Седлоски истакна дека ќе ја чека одлуката на првите луѓе на ФФМ.

Следниот натпревар Македонија ќе го одигра на 7. септември во Загреб, против Хрватска, во рамки на квалификациите за Светското првенство во Бразил, а следниот противник на Македонија во пријателски дуел загуби на домашен терен од Швајцарија со 4:2.