1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија ја има поддршката од Германија

Берлин очекува од властите во Скопје конструктивност на патот на евроатлантска интеграција. Во Македонија е заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Курт Бодевиг.

default

Курт Бодевиг и Никола Груевски

Ден по објавата на препораката на Европската комисија за укинување на визите за три земји од Западен Балкан, во посета на Македонија е заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Курт Бодевиг. Најважните пораки, кои тој ги донесе од Берлин се однесуваат на проблемот со името и на спорот со ЕВН. Германија очекува затворање на овие две отворени прашања.

“Многу е интересно да се воочат проблемите, да се видат кои се следните чекори во европската интеграција. Имаме многу за дискусија и по прашањата за спорот со ЕВН и за името на државата“, изјави германскиот парламентарец.

Skopje Zentrum

Скопје

Што поскоро до решение за името

Бодевиг вели дека решението на спорот со името треба да се бара во предлозите на медијаторот Метју Нимиц, но нема дилема дека до решение треба да се стаса што е можно побрзо. Штом прашањето е отворено и ставено на маса, треба ефикасно и да се затвори, смета заменик -шефот на комисијата за европски прашања во германскиот Бундестаг.

Европа се отвора кон Западен Балкан

Во врска со шансите на Македонија до крајот на годината да стаса и во следната фаза на европските интеграции, добивајќи датум за почеток на пристапните преговори, гостинот од Берлин вели:

„Забележувате дека во Европската унија е во тек ново отворање кон земјите од западен Балкан, станува збор за укинувањето на визниот режим, се надевам дека Европскиот Совет ќе ја прифати препораката, затоа што е неопходно луѓето од овие земји полесно да комуницираат со земјите од Унијата, но има некои билатерални проблеми кои треба да се решат пред да започнат преговорите за членство“, изјави германскиот пратеник од редовите на Социјалдемократската партија, Курт Бодевиг, кој се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска