1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија чиста во однос на радијацијата

Македонија во однос на радијацијата е најчиста на Балканот. Ова се должи на спроведените законски мерки и почитувањето на европските стандарди. Сепак, потенцијалната опасност од радијација не е исклучена.

default

Генерално гледано Македонија е една од најеколошките земји од аспект на радиокативноста во Западен Балкан и Југоисточна Европа, изјави за Дојче веле Румен Стаменов, директор на Дирекцијата за радијациона сигирност. „Секој граничен полицаец и цариник поседува задолжително детектор за јонизирачко зрачење. Имаме и статични детектори, поставени преку проект со Меѓународната агенција за атомска енергија. Десет царински премини како што се: Богородица, Блаце, Табановце, Деве Баир се обезбедени со вакви детектори кои веднаш, доколку регистрираат зголемена радијација над дозволеното ниво пријавуваат компјутерски и ние реагираме на тој аларм.“

Ein Geigerzähler

Во последниве две-три години Македонија им врати на соседните земји 30 пратки кои не можеа да транзитираат низ неа, поради повисокото ниво на радијација од законски дозволеното. „Им вративме пратки и на Грција и на Косово, дел пратки во Албанија и Србија. Впрочем, Европската комисија во извештајот за 2008 година констатираше дека Македонија сериозно ја зајакнала граничната контрола во однос на радијацијата.“

Гама дозволениот еквивалент се мери низ целата земја

Македонија е покриена со 12 мерни станици кои примаат инофрмации во дијаметар од по 30 километри. Со тоа нема ни педа од земјата на кое не се мери гама дозволениот еквивалент. Сите информации се добиваат во секоја секунда и збирно собрани на секој час им се предаваат на релевантните органи на Европската унија. Потенцијално радијацијата ја има и во други форми.

Russland Messung nach Radioaktivität in Wladiwastok

Мерен апарат

Директорот Стаменов ги открива приоритетите: „Предвидуваме засилена контрола во областа на медицината, дијагностиката и терапијата со извори на јонизирачко зрачење. Контрола на храната и евентуалното присуство на радионуклеиди во храната која доста се увезува од странство. Таа и сега се контролира, но, сепак тој систем би требало поцелосно да се разработи. Република Македонија влезе во проект од Европската комисија. Околу 1.350 000 евра, ќе им бидат распределени на Македонија, Србија, Косово и Црна Гора. Европската унија сака да ни помогне за да се ослободиме од единствената потенцијална опасност за граѓаните, старите громобрани.“ Овој проект во Македонија треба да заврши до крајот на 2011 година.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска