1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија четврта на Европското првенство во кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација со поразот од 72:68 од репрезентацијата на Русија го освои четвртото место на 37. Европско првенство што се одржува во Литванија.

default

Не се повтори успехот како против Литванија

Најдобар стрелец на натпреварот беше Лестер Бо Меккејлеб од македонската репрезентација со 22 поени, додека во руската репрезентација најмногу поени, 18 постигна Кириленко. Пресуден за победата на руската репрезентација беше големиот број офанзивни скокови. Македонија на 10-тина секунди пред крај имаше шанса да го изедначи резултатот, но Дамјан Стојановски промаши удар од непосредна близина на кошот.

Во досегашниот тек на Евробаскетот,  Македонија постигна седум победи и три порази, а денешниот ривал Русија девет победи и еден пораз. Против Русија македонската репрезентација одигра натпревар и во осминафиналната група на 12 септември, кога загуби со 63:61 откако Сергеј Мониа постигна тројка со звукот на сирената.

Против Русија третпат Македонија игра на европските првенства, а пред две години загуби исто така со два поена разлика (69:71). Русија има победи во сите пет досегашни дуели.

Последниот натпревар на ЕП во Литванија во Каунас арената ќе се одигра од 20 часот, а тоа е финалето меѓу бранителот на титулата Шпанија и Франција.

Со пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации Македонија избори учество на квалификациите за Олимписките игри што ќе се одржат следната година во јули во Лондон.

Вчера се одиграа натпреварите за пласман. Во борбата за петто место -  домаќинот Литванија ја победи Грција со 73:69, а во натпреварот за седмо место Словенија беше подобра од Србија со 72:68.

Автор: ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска