1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија чека шанса за бронзен медал

Во полуфиналниот натпревар на Европското првенство во кошарка што се одржува во Литванија репрезентацијата на Македонија попладнево (16.09.2011) загуби од екипата на Шпанија со 92 спрема 80.

default

Македонските кошаркари поразени од Шпанците, но со шанса за медал

Првото полувреме на натпреварот македонските кошаркари водеа изедначена борба со репрезентацијата на Шпанија и дури на паузата пред вториот дел отидоа со предност од еден поен, 45 спрема 44.

Во вториот дел од играта Шпанците ја презедоа иницијативата. Пресудна беше нивната доминација под кошевите и при крајот на третата третина од полувремето им успеа да се одлепат со резултатот и да постигнат разлика од десетина кошеви. Најефикасен во шпанската екипа беше Хуан Карлос Наваро со постигнати 35 погодоци, потоа следеше Пау Гасол со 22.

Во македонската репрезентација најмногу кошеви постигна Бо Мекејлеб-25, а Перо Антиќ 17.

Шпанската екипа и пред натпреварот важеше за фаворит, а избраната селекција на македонскиот тренер Марин Докузовски и натаму останува најголемото изненадување на Евробаскетот.

В недела македонската репрезентација ќе се бори за бронзен медал со поразениот од вториот полуфинален натпревар меѓу Франција и Русија.

 

Автор: ЖА/дсф

Редактор: Жана Ацеска

 

 

DW.COM