1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија уште може да ја докаже својата зрелост

Карл Ламерс (ЦДУ), пратеник во Бундестагот: Ако се повторат под мирни услови изборите каде што имаше инциденти, Македонија се’ уште може да покаже зрелост и да добие зелено светло за натамошна евроатлантска интеграција.

default

Карл Ламерс

Карл Ламерс, пратеник во Бундестагот од фракцијата на владеачката Христијанско-демократска унија, за Македонската програма на Дојче Веле ја даде следнава оцена за изборите во Македонија:

„Насилните инциденти во врска со изборите ме исполнуваат со голема загриженост. Мислам дека токму слободни, фер и демократски избори се израз на зрелоста на една земја, која се стреми кон членство во ЕУ и НАТО. Посакувам во оние делови на земјата, во кои поради изблиците на насилство не можеше вистински да се гласа, да дојде до повторено гласање и на сите луѓе во земјата да им се даде можност во мирни услови и околности да го искористат своето демократско право да учествуваат на изборите“.


Текот на изборите не мора нужно да има негативно влијание врз евроинтеграцијата на Македонија


За неговите очекувања од идната влада, Ламерс вели: „Од реизбраниот и со мнозинството за национал-конзервативната коалиција на функцијата потврдениот премиер очекувам да ја продолжи својата европски ориентирана политика, така што се’ ќе биде ставено врз тоа, што поскоро да можат да се водат разговори за пристапување кон ЕУ. Очекувам и да продолжи на патот кон НАТО, кој начелно е отворен - Букурешт за тоа даде многу јасен знак. Сметам дека луѓето со изборот кажаа и едно многу јасно да за курсот на сегашната влада и на премиерот“.

Парламентарецот Ламерс смета дека текот и резултатот на изборите не мора нужно да имаат негативно влијание врз германско-македонските односи: „Ако постапуваме како што токму изложив и како што рече претставникот за надворешна политика на ЕУ Солана - дека треба да биде повторено гласањето во областите во кои дојде до насилство - земјата јасно ќе покаже дека е зрела за Европа. Тогаш верувам дека од страна на Сојузна Република Германија, како и од другите европски партнери, ќе има зелено светло“.


►◄