1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија ужива големи симпатии во јавноста во Словенија

За моменталните блокади на Македонија на евроатлантскиот пат не е виновна ниту владата во Скопје, ниту ЕУ, туку една нејзина членка, вели во интервју за „Дојче веле“, поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.

default

Јанез Јанша

Јанез Јанша смета дека местото на Македонија е во НАТО и тој и сега како политичар од опозицијата се залага за тоа. „Во Словенија нема никаква дилема околу тоа дека Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО. Без разлика која партија е на власт, евроатланската перспектива на Македонија е без какви било приговори. Македонија ужива големи симпатии и во словенечката јавност. Секако сакаме да дојде до некаков договор со оглед на тоа дека Грција ја блокира Македонија во евроатланскот процес. Словенија ја признава Македонија под уставното име и ние сме принцпипиелни“, вели Јанша за „Дојче веле“.

Ljubljana Wasserkanal Touristen 29.04.2008

Љубљана

Нема паралела меѓу споровите Скопје-Атина и Загреб-Љубљана

Тој смета дека меѓу словенечко- хрватскиот спор и заканите за вето од една и грчко- македонскиот спор од друга страна има големи разлики.

„ Македонија е жртва во тој случај бидејќи Грција го блокираше нејзиниот влез во НАТО. Словенија не го блокираше влезот на Хрватска во НАТО. Што се однесува до Европската унија, Хрватска ги почна преговорите со наша согласност. Имаме некои приговори за одредени поглавја, како што имаат и некои други земји- членки на пример за соработката со Трибуналот во Хаг. Но, тука не станува збор за вето, туку само за блокада на одредени поглавја“, истакнува Јанша.