1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија треба да се фокусира на приоритетите

Денеска во Скопје со конференција беа одбележани 10 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Тој донесе предности, но македонската економија треба уште да се реформира.

default

Без натамошни реформи нема напредок на патот кон ЕУ

Македонија останува на европската агенда но ќе продолжи да тапка во место на патот кон ЕУ ако не спроведе ефикасни реформи во клучните области. Десет години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација земјата се‘ уште чека датум за почеток на преговори за членство и е децении далеку од економските перформанси на Унијата. Позитивни поместувања има, но се‘ уште треба да се работи на имплементирање на обврските од пристапниот процес, порача денеска во Скопје амбасадорот на Унгарија, земјата претседавач со Унијата, Ференц Кекеши:

„Процесот на Стабилизација и асоцијација се‘ уште не е завршен. Потребни се дополнителни напори за подобрување на состојбите во правосудството, борбата против корупцијата, креирањето поефикасна пазарна економија. На тоа треба да се работи поефикасно, секако со поддршка од Брисел“.

Mazedonien Land und Leute EU-Vertretung Gebäude in Skopje

Реализација на приоритетите

Евроамбасадорите во Скопје бараат од владата не само да ги детектира туку и да се фокусира на реализација на приоритетите. Подобрување е потребно во сите сектори:

„Секако дека има многу работи на кои треба да се посвети внимание, како политичкиот дијалог, корупцијата, реформите во јавната администрација и правосудството. Легислативата треба да се подобрува, но многу е важно таа поинтензивно да се имплементира“, изјави амбасадорот на Холандија, Симоне Филипини.

За министерот за економија Фатми Бесими, кој беше единствениот владин претставник на конференцијата, договорот и‘ донел бенефит на Македонија од економски аспект но треба уште многу труд и реформи за да се постигне европското ниво.

Mazedonien Land und Leute

Реални и ефикасни реформи

Излезот од актуелната статус кво ситуација опозицијата го гледа само преку реални и ефикасни реформи, во спротивно патувањето кон ЕУ само што ќе доцни туку може да се одолговлечи до недоглед, предупреди Радмила Шеќеринска од СДСМ, актуелен претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Македонија потпиша договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ во Луксембург на девети април 2001. Три години подоцна во март 2004 земјата поднесе кандидатура за членство во ЕУ, по што во 2005, за време на британското претседателство со ЕУ се стекна со статус на земја кандидат за членство.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска