1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија треба да покаже флексибилност за името

Во Европскиот парламент и Парламентарното Собрание на Советот на Европа, скоро истовремено се појавија парламентарни иницијативи за признавање на уставното име на Република Македонија. Во законодавниот дом на Европската Унија предлог резолуцијата ја брани Андерс Самуелсен од групата на европските либерали и демократи, додека во паневропската асамблеа тоа е направено по предлог на македонската собран

Зданието на Европскиот парламент во Стразбур

Зданието на Европскиот парламент во Стразбур

�ска делегација.

Кои се шансите овие две предлог-резолуции бидат прифатени, одговор побаравме во Стразбур.

- Не, неверувам дека тоа ќе успее, ни одговори Дорис Пак, претседателката на Комисијата за односи со земјите од Југо-Источна Европа при Европарламентот. Притоа, таа ни објаснува дека грчката и македонската страна се тие кои треба да најдат решение.

- Во Европскиот парламент нема да се изнајде мнозинство ако се гласа за резолуцијата, бидејќи грчките европратеници се во сите големи политички групи и тие не сакаат да се мешаме во ова прашање.

Јелко Кацин, европратеник од Словенија е уште подиректен:

- Мислам дека Македонија може и мора да биде пофлексибилна кога станува збор за името.

- Македонската страна би можела да предожи ново име, како „Нова Република Македонија“. Како аргумент за својот предлог тој посочува дека во Грција постои политичка партија “Нова демократија“, во Македонија весник „Нова Македонија“, во нив нема ништо ново.

- Тоа може да биде компромисот кој грчката страна може да го прифати и со тоа би го деблокирала прашањето.

Што се однесува до инцијативата на Самуелсен за признавање на уставото име на Македонија, инаку негов сопартиец во Европскиот парламент, Кацин е јасен:

-Засега таа нема шанси да успее, тоа е само дополнителен притисок за да дојде до напредок во преговорите во Обединетите нации.

Во Советот на Европа, каде е ставена во мирување предлог резолуцијата, еден од претставниците на сервисот за печат ни објаснува:

- Советот на Европа не можи самиот да го признае уставното име, тоа е невозможно. Од правна гледна точка, тоа е тип на одлука која неможи да ја донесе секретаријатот на Советот.

- Постои формалната одлука на Комитетот на министрите да го прифати привременото име, истото име кое е прифатено од Обединетите нации. Таа одлука може да биде изменета само од Комитетот на министрите и тоа сигурно не може да се случи пред да биде решен проблемот меѓу дирекните протагонисти.

Кацин, од своја страна лично побарал преку писмо од Британскиот парламент да го признае Уставото име на Македонија.

- Но со оглед дека Грција во моментов е многу, многу конструктивна околу Кипар. Мислам дека во моментов е тешко да се очекува дека Велика Британија ќе се одлучи на такво нешто.

- Затоа би било добро македонската страна да даде инцијатива и предлози.

И од француското министерство за надворешни работи исто така ни потврдуваат дека британците немаат намера да го направат тој чекор за време на нивното претседателство со Европската Унија.

- Не мислам дека бритнаците ќе направат форсинг. Француската позиција не е изменета, ние работиме заедно со нашите партнери од Европската Унија и Советот за Безбедност.

- На европски план ми изгледа тешко дека ќе се најде решение, се додека не се постигне согласност меѓу Македонија и Грција, ни рече еден од помошниците порт-пароли на Кеј Д’Орсеј.

Според ова што го слушнавме од Стразбур и Париз, заклучокот е дека Македонија и Грција треба најпрво да најдат компромис и притоа неможе да се очекува спас од Европската Унија по ова прашање.

- Не, нетреба да се заклучува на тој начин, смета германската европратеничка Дорис Пак. Според неа, треба да се работи на теренот, односно двете влади да пронајдат решение, но пред се грчката.

- Бидејќи македонците си имаат име, кое според мене е праведно. Грците не треба да стравуваат од една мала земја кој го носи името Македонија. Навистина, таа е дел од старата Македонија, но македонската влада нема интерес да има територијални претензии да создава Голема Македонија со деловите од Грција и Бугарија. Се надевам дека грчката влада ќе го свати тоа, ни вели Дорис Пак и притоа нагласува:

- Не знам како ќе најдат решение, но треба да изнајдат, на крајот од краиштата тоа станува смешно.