1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Македонија треба да испрати јасен сигнал

Германските парламентарци, иако не се осмелуваат да го прогнозираат исходот од изборите, очекуваат, дека силите кои ќе победат ќе испратат сигнал за конструктивност и внесување на земјата во ЕУ.

default

„Анкетите се различни. Едни велат дека конзервативната влада може да има многу добри резултати и се говори за чиста победа. Други, пак, говорат за отворен исход, или како што прочитав, социјалдемократите можат да избијат напред. Според мене е важно да бидат испратени сигнали од двете најголеми, а уште подобро и од

Jürgen Klimke, CDU, Mitglied des Bundestags

Во тимот на ОБСЕ - Јирген Климке од ЦДУ-ЦСУ ќе ги набљудува изборите во Скопје

албанските партии, дека кој и да е избран, ќе биде конструктивен за иднината на земјата. Со тоа на ЕУ и на Западна Европа ќе и се сигнализира: ние сакаме заеднички напредок и заеднички - кај вас“, изјави за македонската програма на радио Дојче веле Јирген Климке од фракцијата на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот. Тој како набљудувач на ОБСЕ ќе ги следи изборите во Скопје. Изјаснувањето на дијаспората - ден пред гласањето во Македонија, според Климке од една страна е порака за создавање уште подемократски структури во земјата, а од друга, сигнал за посилно поврзување со ЕУ.

Изборите – инструмент на демократијата

Дитмар Нитан, социјалдемократ и член на Комисијата за ЕУ на Бундестагот, смета, пак, дека граѓаните на Македонија добро се снаоѓаат со демократијата и без ова изјаснување на дијаспората. Но, правото кое е дадено, вели е значајно пред се’ од аспект на донесување одлуки во Македонија, кои се битни и за луѓето кои моментно не живеат во татковината.

Dietmar Nietan SPD Bundestagsabgeordneter

Дитмар Нитан, пратеник од СПД

Што се однесува до очекувањата, Нитан не се осмелува да прогнозира, но е дециден: „Важно е изборите во Македонија да донесат јасни резултати, по што со едно разумно мнозинство би се формирала влада, која стабилно ќе раководи со земјата. Второ што посакувам е на изборите да бидат потврдени силите, кои ќе се ангажираат за помирување и интензивирање на натамошна соработка меѓу различните национални групи, со што би се придонело за поголема стабилност на целокупното македонско општество“. Инаку, како вели значајно е луѓето во Македонија на изборите да гледаат како на важен инструмент на демократијата. Затоа треба на нив да учествуваат и добро да размислат за кого ќе се изјаснат.

Одличниот познавач на Балканот либералот Рајнер Штинер за македонската програма на Дојче веле изјави: „Не знам каков ќе биде исходот, но можам само да се надевам дека Македонија ќе се најде во ритамот на европската демократија и навистина во еден изборен циклус владата ќе има прилика да покаже што може“, коментира либералот Рајнер Штинер.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска