1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија треба да е дел од решението, а не дел од проблемот

Не е реално да се очекува Македонија да почне прегвоори со ЕУ за приклучување, е притоа да не е решен спорот за името, оценува за ДВ европратеникот Јелко Кацин.

default

Јелко Кацин

Во моменот кога се очекува Црна Гора да започне преговори со ЕУ, според Јелко Кацин, Република Македонија стои во место и „упорно измислува нови причини зошто таа е се‘ уште жртва“.

„Тоа самозалажување не води кон ништо. Сите земји кои тргнаа кон ЕУ и НАТО беа соочени со предизвици и блокади, секоја од тие држави, не само тие од Западен Балкан, туку и пошироко, како Романија и Унгарија, се‘ додека не договорија подобар режим за своите малцинства беа блокирани, истото важеше и за Словачка. Она што ја интересира македонската јавност и го слуша без задоволство е дека кога ќе дојде до блокада, треба да се одговори на едно едноставно прашање - дали државата е дел од проблемот или е дел од решението?“

И по Букурешт имало обиди за договор

Според словенечкиот либерал, кога се гледа од Македонија, македонските граѓани можат да веруваат дека Грција е дел од проблемот.

„Но тогаш го поставуваме прашањето - што е дел од решението? Тука немаме одговор, бидејќи Македонија сигурно досега не била дел од решението и компромисите кои беа договорени на крајот беа одложени, не се случија и сега Македонија седум години стои вкопана во место.“

На забелешката дека во 2008 Македонија прифати компромисно решение, пред самитот на НАТО во Букурешт, а Грција го отфрли, Кацин вели дека по самитот имаше нови обиди и нови договори за компромис меѓу двете земји.

„Дојдено е времето македонската влада, пред се‘ премиерот кој е директно вмешан во тие договори, да излезе со својата вистина и таа да се соочи со другите вистини.“

Грција била подготвена за компромис?

Treffen in Griechenland

Кацин вели дека поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу правел чекори за да се договорат дел од работите, но Груевски го одложил договорот

Кацин смета дека поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, кој ја извршуваше функцијата премиер и министер за надворешни работи, ги раздвои функциите за министерот за надворешни работи да преземе дел од тежината и помогне во потврда на компромисот за решение за името и за да преживее владата во Грција.

„Се‘ беше направено во Грција за да се договорат некои работи, но македонскиот премиер Груевски го одложи договорот бидејќи сакаше да се појави на внатрешни избори. А по изборите повторно одложил за половина година. Резултатот на тоа е - Македонија се‘ уште е надвор од НАТО и без датум за преговори со ЕУ.“

Не е реално да започнат преговорите без да се реши проблемот

Кацин не верува многу во можноста за почеток на преговори на ЕУ со Македонија паралелно со решавање на прашањето за името.

„Тоа може да го замислам јас и Македонците, но тоа не држи вода. Се‘ додека нема договор со Грција, тоа нема да биде можно и се‘ она што не е можно, е нереално. Потребно е создавање на реални предуслови за пробив. Ако Македонија продолжи со досегашниот пристап, Филип Втори Македонски не е вистинскиот пристап, тоа не води кон пресврт и создавање на подобра клима и предуслови за меѓусебна доверба.“

Кризата во ЕУ ќе се одрази на проширувањето

Кацин, кој е известувач за Србија во Европскиот парламент, оценува дека кризата во која се наоѓа Грција и воопшто кризата во ЕУ, ќе се одрази на динамиката на реализацијата на проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

Во Европскиот парламент, според него, се посакува создавање на поголема динамика и еден вид домино ефект за земјите од Западен Балкан. „Затоа овде се занимаваме со оние кои можат да бидат предводници - пионери и кои можат да ги повлечат другите со себе. Затоа во средиштето на нашиот интерес е Црна Гора, која на крајот од месецов може да започне преговори за членство во ЕУ, со што таа ја презема штафетата до Хрватска.“

Кацин притоа објаснува дека кога се гледа од перспективата на Стразбур и Брисел, многу е значајно да се има некоја земја од Западен Балкан која преговара.

„Тоа е значајно не само за неа, туку и за сите нејзини соседи од поширокиот регион, за да се одржи во живот процесот на ширење на ЕУ. Отворањето на преговорите со Црна Гора ќе има делекусежни последици за сите на Западен Балкан и пошироко.“

Поврзана содржина