1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија стравува од проширувањето на ЦЕФТА

Македонските фирми особено тие од земјоделскиот сектор, се исплашени дека конкуренцијата од другите земји ќе ги уништи ако државата не им помогне во настапот на заедничкиот пазар. Бизнисмените бараат субвенции од Владата.

default

“Нашите производи кои воопшто не се поддржани со никакви финансиски средства во никој случај не можат да бидат конкурентни на пазарот. Ако тие имаат субвениции и нашата земја треба да одговори контра со тоа, и нормално ќе треба поголем буџет, повеќе стимулации и да одговориме. Ако имаме субвенции нормално дека ќе бидеме поконкрентни“,

велат Румен Смилевски и Андреј Чобанов, бизнисмени од агросекторот.

Сега без царини се увезуваат и извезуваат индустриските производи, а со одредени царински ограничувања се штитат земјоделските производи. Ефектите од двоипол месечното членство на Македонија во ЦЕФТА сеуште се пресметуваат но факт е дека поголемиот број макеоднкси компании сеуште не се способни да се соочат со конкуренцијата од регионот. Владата неможе да им гарантира извозни субвенции или заштитни мерки на домашното прозводство. Допрва ќе треба да се изгради стратегија.

“Нема да може конкренто во посочениот пример некоја земја да воведува извозна стомулација за да дојде на пазарот на друга земја членка на ЦЕФТА“,

вели Круме Фремов од Министерството за економија.

Македонија и пристапи на ЦЕФТА, балканската трговска унија во која уште членуваат Хрватска Романија и Бугарија во август годинава. Во јанури идната година во Европската унија си заминуваат Бугарија и Романија, но на ЦЕФТА треба да и се приклучат Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Молдавија.

Проценките се дека со проширувањето на ЦЕФТА трговијата меѓу земјите во регионот ќе се зголеми за најмалку дваесетина проценти, но тоа нема да ја спаси Македонија од огромниот трговски дефицит, Земјта е на добар пат и годинава да го повтори ланскиот неласвен рекорд од милијарда и двесте милиони долари минус во трговското салдо.