1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија стана членка на Советот за човекови права на ОН

Со 177 гласа „за“ Македонија е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот од 2014 до 2016 година. Покрај Македонија, за членство во Советот од Источна Европа кандидат беше и Русија.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски оцени дека работата во Советот ќе придонесе за глобално почитување на основните права на човекот.

„Наша главна цел е со учество во ова тело на ОН, кое би било прво од таков вид за Македонија, да придонесеме за глобалната промоција на човековите права и сметаме дека со она што го овозможуваме како Република Македонија и со принципите на меѓународното право кои ги промовираме ќе бидеме еден добар и забележителен член на телото, Совет за човекови права на ОН“, истакна Попоски.

На состанокот на Високо ниво на 22 сесија на Советот за човекови права, Попоски уште рече дека „членството претставува дополнителен поттик за продлабочен ангажман“ на државата за „постојано подобрување на состојбите со човекови права во интерес на исполнувањето на обврските и заложбите од страна на државите во однос на носителите на правата ширум светот“.