1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија со трета победа на Евробаскет

По победите над фаворитите Хрватска и Грција, кошаркарите на Македонија на ЕП во Литванија во улога на фаворит тесно ја совладаа и Финска со 72:70. Третата победа значи и тикет за Вилњус, во наредната рунда натпревари.

default

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ја победи Финска со 72:70 во четвртото коло од групата „Ц“ на кошаркарското Европско првенство што се одржува во Литванија.

Ова беше трета победа на македонските кошаркари, откако во претходните два дуела беа подобри од Хрватска, односно Грција.

Најефикасен во македонскиот тим  беше  Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Меккејлеб кој постигна 18 поени, Војдан Стојановски даде 16, а Перо Антиќ уфрли 14 поени.

 

Автор: СН/миа

Редактор: Симе Недевски

 

DW.COM