1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија со скок од 12 места на „Дуинг бизнис“

Македонија според условите за водење бизнис се наоѓа на 22-ра позиција меѓу 183 земји, се наведува во новиот извештај „Дуинг бизнис 2012“ изготвен од Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација.

default

Светска банка, централата во Вашингтон

Македонија направила скок од 12 места во Извештајот за условите за водење бизнис за 2012 година . Земјата во новиот извештај „Дуинг бизнис“, кој го составуваат Светска Банка и Меѓународната финансиска корпорација, се наоѓа на 22-ро место меѓу 183 земји, наспроти 34 во минатогодишниот извештај. Скокот се должи на реформите спроведени во четири области кои се опфатени со извештајот.

Македонија, според рангирањето во „Дуинг бизнис“, е далеку пред останатите земји во регионот. Наредна е Црна Гора која стагнираше на 56-то место, потоа следува Хрватска, која назадувала едно место и сега е на 80-та позиција, Албанија е на 82-ро место, пет места пониско од минатата година, Србија забележала пад од четири позиции и на новата листа е 92-ра, а натаму следуваат членката на ЕУ-Грција на 100-то место, Косово, кое е посебно рангирано во извештајот и се најде на 117-то место и Босна и Херцеговина која е на 125-та позиција.

Автор:СН/ЖА/дб/бета

Редактор: Жана Ацеска