1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија со почит се сеќава на Евреите

Еврејската заедница во Македонија организира низа активности за одбележување на 65 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во нацистичките логори на смртта.

default

Во Скопје ќе се гради спомен центар на Евреите

Ја паметиме трагедијата како предупредување никогаш да не се повтори. Еврејската заедница во Македонија организира низа активности за одбележување на 65 годишнината од депортацијата на македонските евреи во нацистичките логори на смртта. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 та година од Скопје, Битола и Штип биле собрани 118 еврејски семејства и испратени во логорот Треблинка. Вкупно 7 илјади и 200 евреи, речиси сите кои во тоа време живееле во Македонија. Се спасиле само оние кои кобната ноќ не биле дома. Евреите во Македонија се населиле од Шпанија и многу убаво живееле со Македонците, објаснува Жаклина Мучева, генерален секретар на Еврејската зедница во Македонија:

„Она што го носеле со себе како традиција го прилагодиле на соживот со Македонците. Кога им било најтеѓко, кога биле затворени во Монополот, ницните сограѓани Македонци доаѓале и се обидувале да им помогнат, но без успех.“

Изградба на Меморијален центар

Од фондот за Холокаустот се гради меморијален центар во Скопје лоциран крај Вардар во некогашното Еврејско маало.

Бидејќи депортираните Евреи немале правни наследници и тоа го оставило нерешено прашањето за нивните имоти, македонската Влада и Фондот на Холокаустот за денационализација на имотите на Евреите потпишаа спогодба, со која 17 милиони евра од буџетот се наменети за завршување на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје.

Македонија со чиста совест ќе може да се вброи во земјите кои со пиетет се сеќаваат на својата историја и на нејзините жртви. Одбележувањето на 65 годишнината од депоратацијата почна вчера во Битола и во Штип, продолжува денеска во Скопје. Прво на местото каде што биле собрани, Тутунскиот комбинат во центарот на Скопје, тогаш викан Монопол, а потоа на еврејските гробишта во Бутел. Во наредните денови еврејската заедница организира повеќе комеморативни активности за да потсети на страдањата на депортираните.

Денеска еврејската зедница во Макеонија брои неколку стотици членови, во 2000 е отворена единствената синагога, а во мај годинава евреите ќе го добијат првиот рабин од Македонија.