1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија со пораз се збогува од ЕП во кошарка

Македонските кошаркари забележаа пораз и во последниот натпревар од групата. Денеска подобра од Македонија беше Летонија и со убедливи 76:66 однесе победа во клучниот меч.

Македонската кошаркарска репрезентација го забележа и четвртиот пораз на петтиот меч на Европското првенство во кошарка. Денеска Македонија загуби од Летонија, чии играчи беа подобри во текот на целиот натпревар и заслужено ја однесоа победата. Предноста на Летонците на моменти достигнуваше и 20 поени.

Тие подобро го отворија мечот и уште во првите три минути изградија предност од 10:0 која ја одржуваа до самиот крај.

За да мине во следната групна фаза од натпреварувањето на Македонија и беше потребна победа од 10 разлика, како и победи на Литванија и Србија во вечерните дуели против БиХ, односно Црна Гора.

Македонските кошаркари не успеаја да го исполнат својот дел од условот. Не само што не успеаја да победат, туку од самиот почеток на мечот играа неорганизирано и нервозно. Серија избрзани шутеви и погрешни додавања беа карактеристика на првото полувреме, во кое Летонците казнуваа со шутеви за три поени и добра колективна игра.

Во второто полувреме селекторот Алеш Пипан им даде поголема минутажа на младите резервисти Брчков и Костоски, што може да се смета и за единствена светла точка на мечот од перспектива на македонската селекција. Повеќе од останатите покажаа единствено Антиќ, Војдан Стојановски и Илиевски.

Македонската репрезентација од првенството заминува со само една победа, онаа против Србија во третото коло.

На последното европско првенство во кошарка, пред две години во Литванија, македонската селекција го освои четвртото место, што беше прославено како голем успех во земјата.