1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонија со Есма и Лозано на Евровизија 2013

Есма Реџепова и Влатко Лозановски - Лозано ќе ја претставуваат Македонија на претстојното 58 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – Избор за песна на Евровизија.

default

Комозицијата за настапот на Есма Реџепова и Влатко Лозановски наредниот Евросонг кој ќе се одржи од 14 до 18 мај 2013 година во Малме, Шведска. дополнително ќе биде избрана.

„ Според сопствените ингеренции кои што ни ги дава ЕБУ за избор, односно определување на национален претставник на овој музички натпревар, МРТ одлучи оваа година, како претставници на Македонија, честа да им припадне на две реномирани имиња од македонската музичка сцена – кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и поп ѕвездата Влатко Лозановски-Лозано. Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност“, се вели во денешното соопштение од МРТ.

Stadt Malmö in Schweden

Малме

Македонската Радио Телевизија смета дека овој тандем, во комбинација со совршената композиција која треба да биде добиена по пат на нарачка од неколкумина етаблирани македонски композитори, како и интерниот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ за кој верува дека ќе вроди со плод.

Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме, ќе биде кон крајот на февруари 2013 во студиото 3 на Македонската телевизија.