1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија слави

Во земјата се одбележува 15 годишнината од прогласувањето на независноста

Скопје

Скопје

Пријатно есенско сонце,неработен ден,на полупразните улици се вее македонското знаме,Македонија празнува 15 години од прогласувањето на независноста.Голем број граѓани заминаа на продолжен викенд.Свечената седница на Парламентот се одржа синоќа,претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски повика на помирување по сите основи:

„Мора да се отвориме,синергично да ги здружиме силите,да се помириме едни со други интеретнички,но и интраетнички,мораме да ги ставиме настрана страстите,искривените меѓусебни доживувања и толкувања како од минатото,така и од сегашноста.“

Во Парламентот беа и пратениците од ДУИ,на чело со лидерот Али Ахмети,кој рече дека тоа не значи нивно враќање во Парламентот и признавање на владата на Никола Груевски.

„Денеска е јубилеј,се одбележуваат 15 години независнсот на Македонија,токму поради тоа сме и ние тука,да ја одбележиме и ние таа свеченост,но тоа не значи дека ДУИ и ПДП го промениле нивниот став за признавање на легитимитетот на оваа влада.Се додека претседателот на ВМРО ДПМНЕ нема подготвеност да го признае легитимитетот на гласот на Албанците,од наша страна нема да биде признаен легитимитетот на оваа влада“,изјави Ахмети.

Во Собранието беше собрана поранешната и актуелната политичка елита,пратеници и министри од првиот состав на Парламентот и првата експертска влада.Присетувајќи се на референдумот и на се што следеше по него,многумина не можат да се помират со економската криза во која со години тоне Македонија.Академик Блаже Ристески,министер во првата влада на Никола Кљусев вели:

„Безработништвото,уништувањето на целата индустрија што ја имавме,доста развиена на времето,оваа немаштија што не снајде,меѓутоа,мислам дека оваа земја има перспектива.“

Слични се размислувањата и на првиот претседател на Парламентот во Македонија,Стојан Андов:

„Економскиот пад на земјата и крупните последици кои отераа стотици илјади луѓе на улица,кои го загрозија животот на многу семејства,тоа е она најболното што го доживуваме.“

Новата влада вети економски резултати,кога граѓаните ќе можат да почувствуваат резултати,го праша Дојче Веле вицепремиерот Зоран Ставревски:

„Видете,тоа не е лесно да се каже,и постои голема одговорност да се каже дека граѓаните брзо ќе почувствуваат поинаку,ќе почувствуваат многу брзо дека сме поинакви,а ќе биде потребно време,сигурно година или две за да се почувствуваат првите резултати за зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард.