1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија си ги бара украдените икони од Албанија

Истрагата по откриеното депо во Албанија досега покажа дека 21 икона од запленетите се украдени од Македонија. Најголемиот дел биле украдени од цркви и манастири.

Од вкупно 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век запленети во акцијата „Икона“, што албанската полиција ја реализира на 8 октомври лани, потврдено е дека 21 икона припаѓаат на македонските цркви. Ова стои во Ивештајот подготвен од единаесет албански експерти по иконографија.

Се чека официјално барање од македонска страна за нивно враќање. Кон крајот на декември лани, група од петмина експерти по иконографија и вработени во македонската полиција во присуство на обвинител, престојуваа во Тирана, заради идентификација на иконите украдени од Македонија, кога беше соопштено дека најмалку дваесет икони припаѓаат на македонските цркви. Во Извештајот се наведува дека другите икони пронајдени кај „колекционерот“ Ѓерѓи Тимо (52) биле украдени од црквите „Свети Атанасиј“ во Воскопоја, истоимената црква во Караваста кај Љушња, црквата „Света Богородица“ во Љушња и манастирот во Спила.

Во акцијата „Икона“ покрај Тимо беше уапсен и неговиот пријател Арбен Спахо (43). Кога полицијата го откри магацинот со 454 икони и други вредни предмети, Тимо тврдеше дека е обичен колекционер, но потоа признал дека иконите се украдени од цркви во Албанија, а за некои рекол дека се украдени и од Македонија. Според Обвинителството, Тимо надвор од земјата, главно во Италија, продал најмалку 40 икони, иако бил свесен дека се украдени, додека осум стари и многу вредни икони за по 10.000 евра продал во Швајцарија.