1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија се празни

Од 1998 до 2011 година од Македонија заминале околу 230 илјади граѓани, што е близу 10 отсто од населението, објави Статистичката служба на ЕУ-Еуростат.

Како што наведува Евростат, станува збор за македонски граѓани кои имаат регулиран престој во странство. Од тој број, околу 170 илјади имаат привремен престој во земјите од ЕУ и тоа најмногу во Италија, Германија, Австрија и Словенија.

Од 2002 до 2008 година регистрирано е масовно одобрување на странски државјанства за македонските граѓани. Според податоците на Еуростат, околу 5.000 македонски граѓани годишно во тој период добивале пасош од други држави. Се претпоставува дека бројот на оние кои се отселиле од земјата е многу поголем, затоа што не е познато колку од нив нема регулиран престој.

Во Германија, инаку, според податоците на Сојузниот завод за статистика во Визбаден (ДЕСТАТИС), живеат нешто повеќе од 67 илјади Македонци. Д-р Гунтер Брикнер од ДЕСТАТИС за Дојче веле пред неколку месеци изјави дека во последните две децении, откако Македонија е независна, бројот на Македонците во Германија, статистички погледнато, е драматично зголемен - од 2.623 во 1993. на 67.147 во 2011. година. Тоа е разбирливо, зашто Македонците порано беа југословенски државјани. Драматичен пораст од 50.000 луѓе со македонски пасош е регистриран во 1990-тите години. Во последните десет години бројот се зголемува значително побавно.