1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија се подготвува за Хашките досиеја

Во првата половина од годинава се очекува почеток на Хашкиот процес против екс полициските функционери, Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, за убиство на десетина Албанци цивили во операцијата на министерството за внатрешни работи против припадници на ОНА. И, додека предметот за случајот Љуботен, село во близина на Скопје, е во надлежност на Карла дел Понте, четирите досиеја за евентуалната вина на е

Судот во Ден Хаг

Судот во Ден Хаг

кс-припадници на ОНА за воени злосторства во Македонија во 2001 година, ќе бидат вратени во државата.

Во скопскиот суд се подготвува специјална судница, во која ќе може и сателитски да се сослушуваат сведоци, ако тие не се присутни во Македонија. Но, клучен услов е законот за соработка со Хашкиот трибунал, што го подготви дури актуелната влада и кој ќе биде поднесен во парламентот. Македонскиот министер за правда, Михајло Маневски, образложи дел од новите законски предлози за соработка со Хашкиот трибунал и евентуалнот враќање на четирите досиеја во Скопје, и притоа рече: “Ако пред Хашкиот трибунал е завршена истрагата, предметот ќе се достави до надлежниот јавен обвинител во Република Македонија, кој во не подолг рок од еден месец, може да одлучи да подигне обвинение или да бара надлежниот суд да преземе дејства за дополнување на истражната постапка. Тоа е едно. Второ, ако пред Хашкиот трибунал е подигнато обвинение, но не е закажан главен претрес, предметот ќе се отстапи на надлежниот јавен обвинител во Република Македонија, кој во рок од исто така еден месец од денот на приемот на предметот, може да одлучи да го дополни или измени обвинението.“

Маневски беше во Хаг пред два месеци, кога беше и соопштено дека четирите досиеја за екс-командантите на ОНА, вклучувајќи ја и евентуалната командна одговорност на Али Ахмети, ќе му бидат препуштени сукцесивно на македонскиот државен обвинител. Во меѓувреме, македонските судии и обвинители ќе бидат тренирани според процедурата на Хашкиот трибунал. Судските процеси пред скопските судови ќе бидат под меѓународен мониторинг. Маневски објасни: “Мониторинг може да врши и мисијата на ОБСЕ во Македонија и ЕУ.“

И претходната македонска влада се обиде да ги врати досиејата од Хашкиот трибунал во Македонија, но меѓународната заедница стравуваше од меѓуетнички тензии во државата пред парламентарните избори во 2006 година. Опозиционата Деморатска унија за интеграција и нејзиниот лидер, Али Ахмети, кои произлегоа од припадниците на ОНА и ја формираа партијата, се противи на враќањето на четирите Хашки предмети на екс командантите на ОНА, за кои се вели дека се амнестирани и со специјални договори со НАТО. Тоа досега не е потврдено со формални документи. Според динаминаката што ја соопшти македонскиот министер за правда, Маневски, процесите за четирите досиеја од Хаг пред македонските судови ќе се случат најверојатно дури кон крајот на годинава.