1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија се подготвува за предвремените избори

Екс претседателот на македонскиот парламент Љубиша Георгиевски синоќа го потпиша декретот за распишување на вонредни парламентарни избори, тие ќе бидат одржани на 1 јуни.

default

Избори за појасна ситуација

В понеделник Државната изборна комисија ќе ја започне постапката за водење на изборниот циклус, непосредната изборна кампања ќе се одвива во последните 20 дена, односно од 9 мај. Со ДИК и натаму ќе раководи претседателот Јован Јосифовски, кој е кадар од ВМРО ДПМНЕ, кој има мандат од пет години.

Опозицијата се сомнева во можни манипулации при гласањето и пребројувањето на гласачките ливчиња. Опозиционата СДСМ бара, според договорот, на чело на ДИК да биде човек по предлог на опозицијата.

Претседателот на ДИК увери дека изборите ќе бидат фер и без насилства.

Власта и опозицијата веќе во неформална кампања

Премиерот Никола Груевски вчера и се обрати на нацијата преку јавниот телевизиски сервис, откако го одбегна непосредното соочување со пратениците во Парламентот при носење на одлуката за самораспуштање. Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ ја обвини опозицијата за блокирање на реформите и бегање од демократско соочување со избирачите.

СДСМ веднаш реагираше: лидерката Радмила Шеќеринска го обвини премиерот дека е кукавица во миговите кога треба да се донесат политички или државнички одлуки и да се понесе одговорноста.