1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија се подготвува за европски фондови

Во Скопје ќе престојува претседателот на ЕУ Комисијата Жозе Мануел Барозо и евро - комесарот за проширување Оли Рен. Во пресрет на утрешнотот соочување со Барозо и Рен ЕУ амбасадорот во Скоје, Ерван Фуере оствари средба со македонската влада.

Скопје

Скопје

Од наредната година ЕУ воведува нов вид економска помош за земјите кандидати. Новиот ИПА буџет ќе нуди помош за институционална надградба, пред се‘ за јакнење на капацитетите на јавната администрација, за регионален и рурален развој, за развој на човечките ресурси.

Македонија се подготвува сама да менаџира со оваа европска помош, која не е утврдена, но властите во Скопје очекуваат од 80 до 100 милиони евра годишно на почетокот од 2007 година. Колку и како фондовите на Унијата ќе бидат отворени, ќе зависи и од способноста на македонската јавна администрација, во која очигледно недостигаат кадри и која од сега ќе мора сама да се грижи како да стигне и да повлекува пари од европскиот буџет.

„Ви треба мошне силна администрација, а не само вице – премиерката да знае како да се стигне до европските фондови.“ вели Дирк Меган, шефот на евро – тимот што два дена ги едуцираше македонските државни службеници.

„Ќе успееме во главаната цел, а тоа е овие европски пари да предизвикаат промена во животот на македоснките граѓани. Тоа е успешен систем на менаџирање со европските фондови. Има работи кои зависат од нас, но има работи кои зависат и од европска страна. Очекуваме и убедени сме, доколку го следиме овој процес спроед договорената димнамика, доколку ги вршиме обврските кои ги вршевме до сега, дека во 2007 година ќе бидеме подготвени да го искоритеиме она што ќе и биде понудено на Македонија.“ рече евро министерката Радмила Шеќеринска

Дали изборната година ги закочува македоснките реформи? Шеќеринска вели не, бидејќи не може на патот до Унијата да не се почитува континуитетот, без оглед на можните промени во владата.

Реалниот одговорот, на прашањето што државата направила од евро – статусот, македонската власт ќе го чуе од бриселскиот тандем Баросо – Рен кој утре ќе допатува во Скопје.

Во сумирањето на политичките постигнувања, и натаму централен дел е Охридскиот договор. Тој се реализира, и тоа е можен модел за мултиетничко Косово, рече ЕУ амбасадорот Фуере.

„И покрај позитивниот тренд, опозицијата се жали на мал прием на Албанците во јавната администарција, особено во полицијата, на мал обем на користењето на двојазичноста и ние тоа ќе го надгледуваме“ рече Фуере

Евро амбасадорот денеска во Скопје оцени дека идејата за царинска унија, е мотивирана за зајакнување на интегративниот развој на регионот, чија меѓусебна размена оид 5 насто пред неколку години, одвај го надминува процентот од 10 насто во меѓусебната трговска размена на земјите на Балканот, дополни ЕУ амбасадорот Фуере.

Македонија очигледно ќе има шанса сама да управува со наредните ЕУ фондови во чиј центар ќе биде ИПА буџетот.