1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија се организира

Македонските здравствени власти се во сериозна подготовка за можната пандемија од свински грип. Државата се организира, се прават оперативни планови на национално и локално ниво.

default

Мутираниот вирус се пренесува од свињите на човекот и од човек на човек

Првиот сомнителен случај на заразен со опасниот вирус на свински грип се појави и во Македонија. Се работи за 25-годишно момче, кое вчера беше задржано на инфективната клиника во Скопје, поради покачена температура и влошена состојба на респираторните органи. Првичните анализи покажаа дека пациентот, кој неодамна се вратил од Италија, не е заразен со свинскиот грип. Директорот на инфективната клиника во Скопје, Звонко Миленковиќ, вели дека болеста се манифестира со респираторни симптоми, но оние забележани кај пациентот не се вклопуваат во дефиницијата за свински грип. Меѓутоа, како што нагласи Миленковиќ, тоа не значи дека не треба да се биде претпазлив.

Македонските здравствени власти се во сериозна подготовка за можната пандемија. Државата се организира, се прават оперативни планови на национално и локално ниво. Центарот за управување со кризи и Град Скопје добија задолжение да изготват план во случај на вонредна состојба. Комисијата за заразни болести постојано заседава и секојдневно ја следи состојбата. Земјата ги очекува специјалните китови, потребни за испитување и потврдување на болеста.

Што друго прави Македонија за подготвено да ја дочека можната пандемија и што препорачуваат здравствените власти, слушнете во прилогот подолу.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев