1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија се врати на олимписката рута

Кошаркарската репрезентација на Македонија jа забележа првата победа на олимписките квалификации и избори пласман во четвртфиналето на турнирот

default

Македонија во вториот натпревар, во Д групата, забележа убедлива победа од 84:62 над репрезентацијата на Нов Зеланд.

Поучени од поразот против Ангола, кога премногу опуштено влегоа во натпреварот, македонските кошаркари против Нов Зеланд влегоа максимално мотивирани. Мечот го отворија со серија од 9:0, разликата до крајот на првата четвртина порасна на 26:8 и уште во тој момент беше јасно кој ќе биде победникот.

Остатокот од натпреварот беше само еден посериозен тренинг, Нов Зеланд само во еден момент ја намали разликата на девет поени, но во последниот период Македонија само малку го засили темпото и стигна до убедлива победа.

Она што можеби треба да го загрижи селекторот Марјан Лазовски е што Македонија повторно беше надскокана, Нов Зеланд имаше 11 скокови повеќе (36/47). Затоа пак радува играта во одбраната, во која „црвено – жолтите“

имаа девет украдени топки и само седум загубени, наспроти 22-те колку што загуби противникот.

Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ беа најекспонирани во македонскиот тим, двајцата имаа двоен ефект – Мекејлеб 23 поени и 11 асистенции, Антиќ 17 поени и 10 скока. Двоцифрен ефект имаше уште ветеранот Тодор Гечевски (16).

Македонија во четвртфиналето, во петок, за противник ќе има екипа од Ц групата, тоа ќе бидат Русија или Доминиканска република, овие две репрезентации својот меч ќе го одиграат вечерва.