1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија се „бори “ со медицинскиот отпад

Македонија има реален проблем со медицинскиот отпад. Опасен по здравјето на луѓето и животните, тој може да се најде измешан со останатиот отпад и на дивите депонии. Работите во оваа област одат бавно, но на подобро.

default

Од аспект на легислативата Македонија при управувањето со медицинскиот отпад веќе е во Европа. Во практиката сликата е поинаква. Постојат закон и стратегија за третирање на отпадот чие спроведување е проектирано до 2020. година. Во Македонија има над 100 поголеми здравствени институции и други специјализирани установи и центри со над 10 000 болнички кревети, сметајќи ги и тие во приватното здравство. Ако на ова се додадат и над 2000 приватни забни и ветеринарни амбуланти, аптеки и лаборатории кои секојдневно продуцираат медицински отпад, сликата станува појасна. Сепаратното собирање на медицинскиот отпад во болниците и другите здравствени институции се развива бавно. Најголемиот дел од нив ги спроведуваат стандардите за собирање и складирање, но процентот на приватните здравствени установи низ Македонија кои го третираат медицинскиот отпад уште е низок, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, кои се задолжени за вкупниот надзор.

Расте свста за селектирање и одлагање на медицинскиот отпад

Шприцеви, епрувети со крв, инфузиони раствори кои се извор на зараза можат да се видат во контејнерите и на дивите депонии на перифериите од сите населени места. Често лицата кои претураат по нив заболуваат од хепатит Б и Ц и други заразни болести. Не помагаат и казните кои се движат од 400 до 6000 евра, наменети за оние кои не го селектираат, складираат и одлагаат отпадот. Лани се спровеле над 1000 контроли, а под лупа биле 55 депонии. Во Македонија годишно се создаваат околу 900 -1.000 тони опасен медицински отпад, што претставува околу 15 проценти од вкупниот отпад што се создава во здравствените институции. Во „Дрисла“кај Скопје од 2000. година работи првиот инцелератор. Забележлив е растот на третманот на медицинскиот отпад - од скромните 114.900 килограми во 2000. до 469. 269 килограми во 2011. година. Тоа е резултат на едукацијата на здравствените работници, честите контроли и подигнување на јавната свест, потенцираат од раководството на депонијата.

Symbolbild Blut Blutfleck

Инсенератор има и во Логоварди кај Битола

Првото приватно претпријатие „Еко клуб “од Битола, кое постои 18 години, веќе го собира и уништува медицинскиот отпад од југозападниот и источниот регион на Македонија во инсенераторот во Логоварди кај Битола. Во Охрид наскоро ќе се одржи едукативна средба со околу 200 здравствени работници. Нив ќе ги обучуваат за правилно селектирање, собирање и складирање на овој вид отпад. Медицинскиот опасен и неопасен отпад од другите здравствени институции се одлага на комунални депонии без потребниот предтретман.

Spritze zur Testosteroninjektion

Греење од преработениот медицински отпад

Набавката на нова печка за согорување на медицинскиот отпад во депонијата „Дрисла“ е пред крај. Инсенераторот се очекува да е во функција од почетокот на 2013. година и да ги задоволува строгите еколошки параметри за емисија на гасови со што ќе се исполнат барањата утврдени во Европската директива за согорување на отпад. Новата печка ќе биде со капацитет трипати поголем од сегашната или околу 1.600 тони на годишно ниво и со моќност од 1МВ. Новиот инсенератор може да биде извор на топлина која може да се користи за производство на електрична енергија, а топлинската енергија да ги затоплува работните простории на депонијата „Дрисла“. Планиран е и систем за собирање и транспортирање на медицинскиот отпад од внатрешноста на државата до депонијата. Новиот инсенератор ќе ги третира и опасните масла и отпадоци од пакувања на пестицидите и хербицидите.

Стручњаците предупредуваат дека Македонија е на средината од реформите со третирање на медицинскиот отпад. Потребна е поголема организација и исполнување на зацртаните цели со доекипирање и едукација за да се стигнат високите европски директиви во оваа област.