1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија се бори со борењето

По слабите резултатит на неодамнешното Европското првенство во борење, што се одржа во Германија, за алармантните состојби во најтрофејниот македонски спорт говори претседателот на Боречката федерација, Чедо Николовски.

default

„За жал во овој момент е многу критично, да не речам безнадежно, но состојбата е лоша од многу аспекти. Имаме квалитет, имаме клубови и борачи, но немаме услови да работиме. Немаме спортска сала, тренерите не се платени, Федерацијата е во големи долгови и во овој момент е многу тешко да се работи и да се прати спортот онаму каде што заслужува.“

Слаби резултати на ЕП, селекторот остана дома
Ringen Europameisterschaften 2011 Finale

Победата на ЕП во Германија ја однесе борачот од Белорусија

Напластените слабости на површина ги исфрла последното „Еуропео“ во Германија. Реална ли е сликата: четворицата репрезенти да постигнат само една победа. Николовски причината ја гледа во лошата ждрепка.
„Јас имам оправдување за борачите. Дејан Миртов, кој имаше една победа, загуби од Унгарецот во продолжение во клинч, што можеше и да ја добие борбата. Дејан Богданов имаше многу лоша ждрепка, се сретна со европскиот шампион. Александар Георгиев се сретна со Турчинот, кој освои медал. Вранези загуби од Бугаринот, кој е многу квалитетен борач. Ждрепката беше катастрофален на ова ЕП“.
Уште една илустрација на состојбите: репрезентацијата на Европското првенство отпатува без селекторот Страшо Глигоров. Тренерската должност принудно ја презеде Насе Насев, кој инаку отпатувал како претставник на Конгресот на ФИЛА. Николовски вината за ваквиот преседан ја објаснува со неажурноста на Агенцијата за млади и спорт:
„Жално или трагично, но селекторот не отпатува од неколку причини: прво, ние обезбедивме карта за селекторот, но немавме пари за престојот. Ниту од Агенцијата за млади и спорт, која треба да ја финансира меѓународната програма, немаме добиено ниту денар за ЕП. Иако директорот вети и потпиша налог, парите не стигнаа на време“.
Скопје домаќин на ЕП 2013
Ringen Europameisterschaften 2011 Finale

Следното Европско кадетско првенство во 2013 година ќе се одржи во Скопје

И покрај хаотичниот момент на македонското борење, старата резултатска слава сепак го прави своето. Скопје ја доби организацијата на Европското кадетско првенство во 2013 година. Според Николовски, многу важен момент.
„Со добивањето на ЕП ние на некој начин ќе ги решиме сите финансиски проблеми, зошто од трите категории ќе продефилираат петстотини луѓе. Тоа значи дека сите натпреварувачи ќе останат по четри дена, а за пансионите сите ќе платат сами по 80 евра. Тоа се многу пари, од кои еден дел ќе остане и за Федерацијата и на накој начин ќе се популаризира борењето ва Македонија“.
Но, претходно предизвикот гласи Олимписки игри во Лондон. Чедо Николовски се надева дека барем двајца македонски борачи ќе обезбедат олимписка норма.
Автор: Златко Калински
Редактор: Трајче Тосев