1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија - релативно отпорна на финансиската криза

Економските експерти велат дека последиците врз земјата од актуелната финансиска криза во светот нема да бидат толку значајни, заостанатоста некогаш може да биде и предност. Биснисмените сепак стравуваат.

default

Потресите од светот некаде послабо се чувствуваат

Првиот работен ден по усвојувањето на пакетот спасоносни мерки за САД и по мини – самитот на ЕУ, Македонија се потврдува како земја релативно отпорна на глобалните шокови. Како што изостанаа позначајни негативни ефекти кога изби кризата во САД, деновиве не се очекуваат драстични подобрувања ниту по оптимистичките информации од Вашингтон и Париз.

Економските експерти велат дека евентуалните последици врз Македонија нема да бидат значајни, важно е што македонските банки сопствениот депозитен потенцијал го имаат најмногу од сопствени извори на средства, односно од штедење на граѓаните.

Во Македонија на некој начин владее предноста на заостанатоста, доколку би била поразвиена, земјата би била дел од финансиските токови кои се нормални за другиот дел од светот.

Сепак, бизнисмените се загрижени.