1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија против Шпанија за пласман на ЕП во ракомет

Македонските ракометари добија два од трите противника во квалификациите за пласман на следното ЕП кое ќе се одржи во Данска

Македонската ракометна репрезентација во квалификациите за Европското првенство што во 2014 ќе се одржи во Данска ќе игра во групата 1, а противници ќе и бидат четвртопласираната репрезентација од последното ЕП, Шпанија, Португалија и првопласираната репрезентација од групата Б од првата фаза од квалификациите. Со трите репрезентации Македонија ќе игра дома и на гости.

На стартот од квалификациите во октомври оваа година Македонија на домашен терен ќе игра со првопласираната репрезентација од групата Б, а во последното коло ја пречекува Португалија.

Распоредот на другите групи е следниот:

Група 2: Германија, Чешка, Црна Гора и најдобропласираната втора репрезентација од првата фаза од квалификациите.

Група 3:Франција, Норвешка, Литванија, победник на групата Д.

Група 4: Хрватска, Унгарија, Словачка и втората најдобропласирана репрезентација на вторите места од првата фаза.

Група 5: Полска, Шведска, Холандија и победникот на групата А.

Група 6: Исланд, Словенија, Белорусија и победникот на групата Ц.

Група 7: Србија, Австрија, Русија, Босна и Херцеговина.

Пласман на Европското првенство ќе изборат двете првопласирани репрезентации од групите и најдобро рангираната репрезентација на третите места. Пласман како домаќин има обезбедено Данска, која воедно е и европски шампион.

Во првата квалификациона фаза од 8 до 10.јуни ќе играат:

Група А: Украина, Кипар, Финска (домаќин) и Луксембург.

Група Б: Грција, Швајцарија, Италија (домаќин) и Велика Британија.

Група Ц: Романија, Израел, Белгија (домаќин) и Република Ирска.

Група Д: Естонија, Летонија, Турција (домаќин) и Малта.

Натпреварите во оваа фаза се играат турнирски.