1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија привлекува инвестиции зашто има евтина работна сила

Хрватската компанија „Агрокор“ најави инвестиции во Македонија од 200 милиони евра. Британската “Џонсон Мети“ која произведува автомобилска опрема ќе гради фабрика во Бунарџик.

default

За земја како Македонија во која странските инвестиции ги нема во изобилство, голем настан е кога во ист ден ќе стасаат најави за две големи странски вложувања. Бордот на директори на „Џонсон Мети“ британски производител на автомобилска опрема во јули треба да ја официјализира одлуката за влез во Македонија. Евтината работна сила и Коридорот 10 за британските менаџери биле најсилните аргументи зошто Македонија ќе им биде новата база во Европа, каде ќе произведуваат резервни делови за автомобили. Плановите ги претстави Директорот за стратешки развој, Колин Џефри: „Македонија е најдобра за работната сила. Очигледно сте подалеку од нашите пазари, но ако погледнете, во Чешка и во Полска потребни се 7.000 евра годишно за вработен, а во Македонија 4 000 евра годишно. “

„Џонсон Мети“ ќе гради фабрика во Бунарџик. Ќе вработи 300 лица, од кои 80% со средно образование. Инвестицијата вреди 75 милиони евра: “Ќе почнеме со изградба во август или во септември годинава, очекуваме да влеземе во фабриката до ноември 2008-ма. Мораме да почнеме со производство најдоцна во март 2009-та“, изјави Џефри, и нагласи: “Иднината на оваа инвестиција не е за локалниот македонски и регионалниот пазар. Се‘ што ќе се произведе овде ќе биде извезено во Германија, Франција, Италија, Шведска, дури и Велика Британија.

Во автомобилската индустрија “Џонсон Мети“ се смета за една од најголемите европски компании. Речиси истовремено со промоцијата на нејзината инвестиција во Македонија вчера попладне беше објавена и инвестицијата на хрватската компанија „Агрокор“. Ќе гради откупни центри за зеленчук и овошје, фабрика и синџир супермаркети. Инвестицијата ја најави директорот на хрватски Агрокор, Ивица Тодоровиќ: “ Ние проценуваме дека првата наша инвестиција би требало да изнесува барем 200 милиони евра во наредните две години“, рече Тодоровиќ. За локациите на кои ќе се градат откупните центи и маркетите ќе се објави тендер. Хрватската компанија „Агрикор“ има над 27 илјади вработени промет од 3 милијарди евра годишно. Како лидер во регионот за прехранбениот сектор, Агрокор има над три милијарди евра годишен промет и 27 илјади вработени, во регионот е лидер во прехранбениот сектор, сопственик на 20-тина познати марки меѓу кои Ледо, Фриком и Конзум.