1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија прва од Западен Балкан со визно олеснување

До потпишувањето на договорот за олеснувањето при добивањето визи,сеуште се случуваат „визни перипетии“

default

Советот на ЕУ идната недела ќе одлучува што ќе ќе значат и за кого ќе важат визните олеснувања на ЕУ.Претставникот на ЕУ во Скопје,Ерван Фуере,потврди дека Македонија ќе биде првата земја од Западниот Балкан која со ЕУ до крајот на годинава ќе потпише договор за олеснување на визниот режим:

-Треба да стартуваат преговори со сите земји од регионот,почнувајќи од Македонија.Финското претседателство со ЕУ настојува договорот за визниот режим да биде постигнат до крајот на годинава.Тоа е многу важен чекор за постигнување на долгорочната цел-либерализација на визниот режим,изјави Фуере.

И додека македонските граѓани со нетпрение очекуваат да се олесни добивањето визи,се случува и ова,со визна изолација да се соочат и врвни спортисти.Младата македонска кошаркарка Арнела Хоџа веројатно нема да настапи на Европското првенство што за два дена започнува во Италија.Италијанската амбасада одбила да и издаде виза затоа што нејзините родители веќе подолго време живеат во Италија.Не помогнале ниту гаранциите од македонската кошаркарска репрезентација,ниту протестот од Македонското министерство за надворешни работи.Претседателот на Македонската кошаркарска федерација,Даниел Димевски вели:

-Јас би го дефинирал проблемот малку пошироко,бидејќи ние се наоѓаме во процесс на евроинтеграција,во процесс на олеснување на визниот режим,би го искористил моментов да апелирам до нашите пријатели од Италија да бидат малку потолерантни,зашто спортот не познава граници,па ова е прилика од каде би се почнало со одредени олеснувања.Се работи за репрезентативка која е битен чинител во нашата репрезентација,која треб ада престојува во Италија и да се претстави во најдобро светло.Ние ги издадовме гаранциите од наша страна,кои може да ги издадеме.

Брисел уште пред неколку месеци најави дека визниот режим за одредени категории граѓани од балканските земји ќе биде полабав и пред потпишувањето на договорот,но од тоа засега нема ништо.Визната либерализација ќе се случи на крајот од финското претседателство со Унијата,а условена е со низа мерки кои веќе повеќепати и беа посочени на Македонија:нови побезбедни пасоши кои земјата ќе ги добие наесен,договори за реадмисија со земјите членки на Унијата и интегрирано гранично обезбедување.