1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија прва во Олимпиското село

Репрезентацијата на Македонија е првата што стигна во целост во Атина, го подигна своето знаме и се смести во Олимпиското село. Таму вчера е официјално пречекана со посебна церемонија.

Олимпискиот стадион во Атина

Олимпискиот стадион во Атина

Од Македонија во Олимпиското село пристигнаа 12 официјални претставници и стручњаци, во придружба на десет спортисти кои ќе се натпреваруваат во пливање, атлетика, кану, кајак, стрелаштво и борење. Во борење се очекува мадела од Мохамед Ибрахимов, кој на Олимписките игри во Сиднеј во 200 година беше трет во категоријата до 84 килограми. Церемонијата на официјален пречек на репрезентацијата на Македонија траеше половина час. Домаќините и гостите одржаа говори и изведенеа е посебно подготвувана програма на танци.

Инаку, на десет дена пред почетокот на Олимписките игри, во Олимпиското село се пристигнати околу три илјади спортисти, а постојано доаѓаат нови, постепено комплетирајќи ги репрезентациите. Многу репрезентации, меѓутоа, во ниту еден момент нема да бидат во целост во Олимпискто село, зашто спортистите кои ќе завршат со натрпевари ќе се враќаат дома пред да дојдат други, кои настапуваат во втората половина од игрите.

Олимпиското село е изградено за само две години, на 120 хектари пасишта во северното предградие на Атина. Тоа чинеше 450 милиони евра, а обезбедувано е многу строго и поради диполнителна безбедност е поделено во три зони.