1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија поразeна во Романија

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да се избори за поволен резултат на гостувањето во Романија во рамките на второто коло од квалиификациските натрпревари за светското првенство во Германија 2006. Најголема сензација приреди Албанија која во Тирана го совлада европскиот првак репрезентацијата на Грција

Романскиот интернационалец Адријан Муту со прекрасно изведениот слободен удар во 90 минута ги закопа надежите на македонската фудбалска репрезентација дека конечно ќе се избори за позитивен резултат во дуелот со досега за нас незгодните Романци. 2:1 одигра Македонија на стартот од квалификациите, во меч во кој иако во поголемиот дел доминираа домаќините, македонската репрезентација не разочара.

Најголемата сензација од вчерашните квалификациски дуели ја приредија Албанците кои во Тирана го совладаа Европскиот шампион, репрезентацијата на Грција со идентични 2:1. Европските прваци очигледно не го издржа притисокот на дуелот кој уште пред самиот почеток беше прогласен за натпревар со голем ризик. Малку фалеше да се случат посериозни инциденти кога синоќа низ улиците на Атина Солун и други градови низ Грција, албанците ја прославуваа победата.

Грчката полиција употреби шок бомби и солзавец за да го расчисти плоштадот Омонија во грчкиот главен град. Три лица се повредени при тепачка која се случила во Пиреа,. Според информациите на грчките медиуми ваквите реакции значеле освета за попладневното каменување на автобусит со грчки навивачи во Тирана и исвиркувањето на грчката национална химна. Со истрели и свирежи Албанците синоќешната победа ја славеа и низ тетовските улици, меѓу другото и со извици за голема Албанија.

Инаку во останатите натпреавари, Австрија иако имаше негатива од два гола се избори за нерешени 2:2 во дуелот со Англија, Словачка освои бод во дуелот со Русија, 1:1, а и Грузија изненади со ремито во Турција. Највисоката победа ја оствари Шведска која на гостувањето ја декласираше Малта со 7:0.