1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија поразена од Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 1:2 (1:1), во квалификацскиот натпревар од третото коло во А групата, за пласман на Светското првенство во Бразил.

default

Македонските репрезентативци одиграа далеку послаб меч во однос на првите два, во Загреб и Глазгов, што на крајот резултираше со пораз.

Хрватска, иако победи, не импресионираше, но во секој момент знаеше што сака на теренот. Хрватите ја добија битката на средината од теренот, а мотор во нивната игра беше Ракитиќ, кој ги креираше сите акции на тимот.

Cedomir Janevski neuer Trainer Mazedonien

Чедомир Јаневски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на прес - конференцијата веднаш по синоќешниот натпревар со Хрватска го призна поразот на неговите избраници и како заслужена ја оцени победата на гостинската селекција.

„Се подготвувавме напорно, имавме желба да се претставиме со добра игра пред полниот стадион, но против себе ја имавме силната Хрватска која докажа дека има добар состав и заслужено победи. И покрај нашето водство, не успеавме да ја повториме нашата игра од Загреб, правевме грешки во одбраната по кои примивме голови, а такви грешки на вакви натпревари не би требало да се случуваат“, рече Јаневски.

Тој им се заблагодари на навивачите за одличната атмосфера, и како што рече, жали поради тоа што неговите избраници не им возвратија со добра игра и позитивен резултат.

Хрватскиот селектор Игор Штимац беше самоуверен и изрази задоволство од прикажаното на „коцкестите“. „Сосема заслужено победивме, игравме подобро, ја имавме контролата на играта и кога бевме во негатива. Хрватските репрезентативци покажаа дека имаат квалитет да го носат националниот дрес и дека тоа го заслужуваат“, изјави Штимац.