1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија поразена, Германија извлече реми

Македонија не успеа да обезбеди барем бод против Холандија во вториот квалификациски натпревар за светското првенство во фудбал. Избраниците на Сречко Катанец беа поразени со 2:1, иако заслужија барем бод

default

Се враќа во форма, Мирослав Клозе

Големината на противникот и искуството се чини беа пресудни на вчерашниот натпревар во Скопје, на кој Македонија сепак не успеа да направи ново изненадување против Холандија, по саботниот триумф против Шкотска. Македонската репрезентација имаше повеќе од играта, но холанѓаните кои на стартот на второто полувреме на брзина дојдоа до комотно водство од 2:0 беа посигурни. Хеитинга и Ван Дер Фарт за Холандија, Горан Пандев од пенал за Македонија беа стрелци на головите.

Она што и успеа на Холандија на гостувањето, не и појде од рака на Германија, која синоќа во Хелсинки на гости против Финска одигра нерешени 3:3. За тоа каков беше натпреварот доволно сведочи фактот што германците на трипати се враќаа по водство на домаќинот.

„ Денеска беше важно, повторно да го бараме патот кон напред, бидејќи знаевме дека нашата најголема сила е во офанзивната игра„ изјави по натпреварот Мирослав Клозе, стрелецт на третиот израмнувачки гол за Германија. Покрај него стрелци беа и Бастијан Швајнштајгер и Хајко Вестерман.

Пред се одбраната и младиот Вестерман беа постојано под притисок и направија големи грешки кои им овозможија на финците да постигнуваат голови:

„ Првиот гол беше навистина комичен. Тоа повеќе не треба да се случи, не знам„ изјави Вестерман

Стрелецот на третиот гол Мирослав Клозе во последно време беше изложен на големи критики заради формата, пред се од страна на медиумите. Селекторот Јоахим Лев, кој се чини постапи правилно со тоа што остана на ставот дека тој треба да биде дел од нападот против Финска, на крајот беше задоволен:

„ Постојано бевме во напад и направивме многу шанси. Мислам дека резултатот е во ред и јас сум апсолутно задоволен„ изјави Лев