1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија помалку корумпирана од Грција и Бугарија

Најновиот извештај на Транспаренси ја мери перцепцијата на граѓаните за корупцијата во нивните земји. Нов Зеланд, Данска и Финска остануваат на врвот, Сомалија и Авганистан на дното

Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2012 година.

Од државите во регионот, пред Македонија се Словенија на 37. место и Хрватска, која е на 62. позиција. Зад Македонија според индексот на перцепција на корупцијата се БиХ на 72. место, Бугарија на 75, Србија на 80, Грција на 94, Косово на 105 и Албанија на 113.

Од рангирани 176 држави, најмалку корупција според Транспаренси интернешенл има во Нов Зеланд, Данска и Финска. Овие земји ги држат првите места благодарение на добриот пристап до информации и на правилата кои го определуваат поведението на државните службеници. Најкорумпирани држави во светот исто како и минатата година се Северна Кореја, Сомалија и Авганистан.

Корупцијата и натаму во целиот свет се доживува како разурнувачка активност на општеството, се наведува во годишниот извештај на меѓународната организација за 2012 година.

Меѓу земјите членки на ЕУ, на последно место се најде Грција, додека лошо котираат и останатите земји зафатени од финансиската криза Италија, Шпанија и Португалија. Германија е на 13. место во светски рамки.

Организацијата изготвува индекс за перцепцијата на корупцијата. Годинава се употреби нова скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде чувството за корупција е најмало, додека 0 добиваат најкорумпираните.

Поврзана содржина