1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија полага тест по демократија

Повисок животен стандард, решавање на спорот со името и влез во НАТО и ЕУ - ова се желбите на македонските избирачи, повторени и на денот на гласањето. Дали Македонија ќе го положи тестот по европска демократија?

default

Изборната пролет завеана во снег - избирачките материјали не можеа да бидат доставени до сите избирачки места

Студен пролетен ден, врнежи од снег, завеани стотина планински села, досега релативно мирен избирачки процес и просечно понизок одзив на гласачите, во споредба со ланските парламентарни гласања. Со вонредна мобилизација од страна на владата, вчера беа расчистени регионалните и локални патишта. МВР, со специјални возила, до рано изутринава, разнесуваше избирачки материјали - до таму до каде патиштата беа проодни.

Јасни пораки за новиот претседател

Mazedonien Aracinovo Dorf in Mazedonien in der nähe von Skopje

Зголемено присуство на полиција и набљудувачи во проблематичните избирачки места

„Ни Господ не не` сака“, коментираат денеска македонските интернет-корисници по интернет-порталите. Други пак велат „доста со такви црнила и прогнози“. Изборите во Македонија никого не оставија рамнодушен. Оние кои уште во раните утрински часови го остварија своето право на глас, имаат јасна порака до новиот претседател и новиот градоначалник: бараат повисок животен стандард, решавање на спорот со името и влез во НАТО и ЕУ.

Рекорден број набљудувачи

Во Чаир, Мала Речица и Кондово, местата каде лани беа забележани крвавите инциденти за време на предверемните парламентарни избори, овојпат видливо засилено присуство на полицијата. Гласачите на овие места очекуваат изборите да поминат без инциденти.

Отворањето на гласачките места во Скопје го следеше францускиот амбасадор во Македонија, Валеро и амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере. Во Тетово беше американскиот дипломат Рикер. Овие избори ги набљудуваат рекорден број домашни и странски набљудувачи. Конечниот извештај на ОБСЕ за текот на изборите ќе биде претставен утре напладне.

DW.COM