1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија - позитивен пример на верска толеранција

Верската и меѓурелигиската толеранција за владините претставници, се на завидно ниво. Религиозните претставници имаат поинакво мислење.

default

Македонските политичари ги посетуваат џамиите за време на верските празници

Македонија, се смета за лулка на меѓуверската и меѓурелигиската толеранција. Од дамнина, па и сега во многу средини, заеднички се слават верските празници, и се почитуваат меѓусебните обичаи. На Велигден црвено јајце му се дава на секој муслиман намерник, сосед или пријател. Курбанско месо и бајрамска баклава добиваат и христијаните.

Но, дали е тоа доволно за да се каже дека меѓурелигиските односи се добри? Заменик директорот на Комисијата за односи со верските задници, Антон Серечи смета дека Македонија е позитивен пример на верска толеранција. „Во земјата има таква атмосфера на меѓуверска толеранција и взаемно разбирање, каква што ретко ќе најдете на друго место“, вели Серечи.

Селимовски: Македонија не падна во замка на политиката

Последниот Реис ул улема на поранешна Југославија, Јакуб Селимовски смета дека ваквиот пристап во оценувањето на состојбите е одлична можност верските заедници да си ги кажат ставовите. „Мислам дека ова ќе биде сериозен поттик да ја заборавиме негативната енергија, која понекогаш ја имаме во нас и да се вооружаме со позитивна енергија која ќе зрачи со љубов, пријателство и заеднички соживот“, вели Селимовски. Тој додаде дека верските заедници во Македонија не потпаднаа под замката на политиката како во републиките од поранешна Југославија и успеаја релативно мирно да го изодат транзицискиот период.

Според Љупчо Мицковски, градоначалникот на Сопиште, местото кое важи за синоним на верска толеранција во Македонија, политиката треба да биде надвор од религијата. “Мешањето на овие две работи може само да ја влоши состојбата во една земја“, рече Мицковски.

Религиозните претставници бараат поголем ангажман

Претставникот на Католичката црква во Македонија, отец Анте Циримотиќ и на МПЦ, отец Оливер Петровски сметаат дека во земјата треба уште да се работи на подобрувањето на верската толеранција. Двајцата апелираат сите да сторат повеќе за развивање на мостовите меѓу луѓето и да се надминат недоразбирањата.

Инаку Центарот за меѓуетничка толеранција ќе ја организира третата зедничка средба на христијаните и муслиманите од оваа општина на 5 јануари - на Бадник во селото Јаболце, кога заеднички ќе се слават и Божик и Бајрам.