1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија под лупа на Советот на Европа

Дали Советот на Европа ќе ја стави Македонија под засилен мониторинг? Претставник од Стразбур ја снима ситуацијата во земјата. Националниот совет за евроинтеграции со поделени ставови.

default

Логото на Советот на Европа: ќе има ли засилен мониторинг за Македонија?

Македонија утре официјално ќе го слушне извештајот на Европската комисија за напредокот во реформскиот процес во земјата. Деталите од извештајот веќе беа објавени и познато е дека земјата нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Властите во Скопје, по утрешната оценка на Европската комисија очекуваат извештај и од Советот на Европа. Овој документ ќе биде изготвен по препораките на Серхиј Коловати, претседателот на комисијата за почитување на обврските кој деновиве се запознава со состојбите во земјата. Своите впечатоците и оценки за Македонија тој ќе ги пренесе во Стразбур.

Засилен мониторинг за Македонија

Националниот совет за евроинтеграции, на седница затворена за јавноста, од Советот на Европа побара засилен мониторинг на демократските процеси во Македонија. Причина за ваквото барање кое го упатиле членовите на советот се инцидентите на последните парламентарни избори и стравот од можноста истото да се повтори на локалните и претседателски избори што треба да се одржат напролет.

Radmila Sekerinska von der SDSM Partei in Mazedonien

Претседателот на Националниот совет за евро-интеграции, Радмила Шеќеринска

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска изјави дека од страна на неколку членови било укажано дека очигледно е оти на Македонија и треба засилен мониторинг, бидејќи под притисок подобро се функционирало.

Претставниците на власта во советот го уверувале Коловати дека демократијата во Македонија функционира и оти нема потреба од засилен мониторинг. Александар Спасеновски смета дека земјата ја надминала таа фаза. Пред претставникот на Советот на Европа тој изразил надеж дека и постмониторинг периодот успешно ќе биде финиширан, односно дека Македонија заедно со Бугарија и Турција ќе успее да го заврши процесот за скенирање на демократските состојби.

Гостинот од Советот на Европа се интересирал за функционирањето на институциите, состојбите во судството и полицијата, остварувањето на човековите и малцинските права, медиумите.