1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија подобрена според Индексот за мир

Македонија е на 68-то место според Глобалниот индекс за мир за 2012-та година, на листата објавена од Институтот за економија и мир од Сиднеј, Австралија.

default

Ова е скок за 10 места во однос на рангирањето во 2011 година. Како најмирни земји во светот, според рангирањето, се Исланд, Данска, Нов Зеланд, Канада, Јапонија, Австрија, Ирска, Словенија, Финска и Швајцарија. Најлоша е ситуацијата во Сомалија, Авганистан, Судан, Ирак, ДР Конго, Русија, Северна Кореја, Израел, Пакистан, Сирија и Либија.

Од екс-југословенските републики, Хрватска е на 35-тото место, Србија на 64-то, Босна и Херцеговина на 65-то место и Црна Гора на 81-то место. Од соседите на Македонија, Бугарија е на 39-то место, Албанија на 66-то место, додека Грција е на 77-то место, што преставува најслаб пласман меѓу земјите-членки на ЕУ. Косово не е рангирано.

САД се наоѓаат на 88-тото место на листата, едно место пред Кина. Рангирањето според Глобалниот индекс за мир се прави според 23 критериуми, почнувајќи од граѓански немири, криминал и воена потрошувачка, до вмешаноста во воени судири и односите со соседите.

На глобален план, индексот е во раст по двегодишен пад. По прв пат субсахарска Африка не е меѓу најнемирните региони во светот, препуштајќи ја несаканата позиција на Блискиот Исток и Северна Африка поради последиците од Арапската пролет.