1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија - партитократска држава?

Силно централизираните партии во земјата, според експертите, понекогаш имаат улога помоќна од улогата на државата. Партиите треба да се европеизираат, што значи да се зголеми степенот на нивната внатрешна демократија

default

„Партиите во Македонија веќе ја плаќаат цената, поради недостигот на внатрешно – партиска демократија, како и на одгледувањето на култот на лидерот и полтронскиот, поданички однос кај членството“ – ова се посуштинските коментари на дел од политичките експерти и аналитичари, кои ги консултираше Дојче Веле по истапувањето на Имер Селмани и неговите истомисленици од ДПА, кои формираат нова партија. Исто така, и граѓаните на Тетово упатуваат остри критики на адреса на партиите.

Професорката по политички и комунален систем на Скопскиот државен универзитет Гордана Силјановска – Давкова вели: „Не се влегува во македонските политички партии заради потребата за артикулирање на интересите, туку најчесто за да се дојде поблиску до вредностите“.

Дел од граѓаните на Тетово истакнуваат: „Членството и самиот народ зависат од елитите, наместо да биде обратно. Се додека не се подобри економската состојба, се додека граѓанинот не стане економски понезависен од тие елити, се дотогаш нема да има демократизација во тие партии“; „Нашиве лидери велат: Светецот сум јас, вие не сте ! Ова е кодот што треба да се декодира !“ ; „Со луѓето што се загрозени егзистенцијално многу е лесно да се манипулира, многу лесно се обликува јавното мислење“.

Професорот по применета политика, Јован Ананиев од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања од Скопје коментира: „Може да има повеќе причини зошто воопшто се одвојуваат одредени партии од онаа таканаречена ’матична партија’, но, во суштина – пред се, тоа се некои раководни функционери во партијата – се работи за неможноста да ги реализираат своите интереси внатре во неа, односно за неможноста да го наметнат своето влијание“.

Ризван Сулејмани, политички аналитичар од невладиниот сектор од Скопје смета дека „се потрошува темата Рамковен договор и рамноправноста на Албанците во Македонија“ и дополнува: „Албанските политички партии ќе мораат да се ориентираат сега кон тоа кој каков концепт ќе застапи. Ова е првата фаза каде што се уште не се гледаат контурите и јасната ориентација, кога е секој против секого и има тенденции на групирања“.