1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија очекува соработка со новите грчки власти

Македонското министерство за надворешни работи ги поздрави успешно спроведените избори во Грција и се придружи кон очекувањата искажани од лидерите на Европската унија.

Во денешното соопштение издадено од македонското министерство за надворешни работи уште се изразува и очекување дека Македонија и Грција како соседи ќе работат со поддршка кон европските интеграции и економската консолидација.

„Република Македонија има витален интерес за закрепнување на економијата во европски и во регионален контекст. Опстојување на реформскиот курс е од особено значење за целиот регион. Посакуваме зголемена предвидливост за иднината и интензивирање на соработката за надминување на тековната криза.

Очекуваме посветено да работиме заедно како соседи со поддршка кон европските интеграции и економската консолидација. Тоа е клучен интерес за граѓаните на двете земји, но и за целиот регион“, се наведува во соопштението од МНР, по одржувањето на предвремените парламентарни избори во неделата во Грција.