1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија очекува деблокада на евроинтеграцијата

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска ќе реферира во Собранието за надворешната политика. Тој вчера во Брисел на еврокомесарот Штефан Филе му пренесол очекувања за деблокада на евроинтеграциите.

default

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Попоски денеска ќе има свое обраќање пред собраниската Комисија за надворешна политика, каде ќе информира за актуелните прашања од областа на надворешната политика. Настапот на Попоски пред пратениците следува по неговата дводневна посета на Брисел и европските институции. Вчера Попоски на средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе го изрази очекувањето на Македонија за деблокада во интеграцијата во унијата по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Deutschland Bosnien Stefan Füle

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

„Бевме фокусирани на задржување на динамиката на интеграцискиот процес на Република Македонија и можноста реформите кои ги спроведуваме да бидат валоризирани, а со тоа да овозможиме континуиран напредок, кој во секој случај ќе има афирмативно дејство врз задржувањето на кредибилитетот на процесот за проширување“, изјави Попоски по средбата со еврокомесарот за проширување вчера во Брисел.

Според Попоски, во ова фаза има силни аргументи кои прдонесуваат за афирмирање на отворањето на следната фаза на преговори со Република Македонија, што според него е позитивен сигнал за целиот регион.

„Оваа можност треба да ја искористиме и сметам дека сите земји-членки на Унијата треба да бидат посветени и да дејствуваат во овој правец“, рече министерот.

Во текот на дводневната посета во Брисел, Попоски имаше средби со повеќе пратенички групи од Европскиот парламент, како и со известувачот за Македонија од Европскиот Парламент, Ричард Хауит.

Автор: ЖА/ АТ/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска